Важна информација за патниците на Меѓународниот Аеродром Скопје

by Fokus

ТАВ Македонија известува дека авиосообраќајот на Меѓународниот Аеродром Скопје во следните неколку дена – 29 ноември, 30 ноември и 1 декември, за време на одржувањето на 30. Министерски Совет на ОБСЕ во Скопје, ќе се одвива регуларно, но притоа апелира до патниците да ги следат насоките и известувањата на Министерството за внатрешни работи во врска со сообраќајниот режим низ градот Скопје, со цел да бидат во можност да пристигнат на своите летови, односно на аеродромот навреме.

ПР

Поврзани новости