Ватикан: Сега џабе ви е целото оружје

by Fokus

Ватикан смета дека пандемијата на коронавирусот може да ги натера владите да сфатат дека трошоците за одбрана не можат да ја гарантираат безбедноста

Затоа, според Ватикан, средствата треба да бидат пренасочени за подобрување на здравствената заштита и борбата против сиромаштијата.

– Пандемијата ни ја нуди оваа драгоцена можност. Таа не поттикнува да прашаме колку огромните воени трошоци навистина можат да ја гарантираат безбедноста на населението и колку овие ресурси можат да се искористат за други цели, изјави државниот секретар на Ватикан кардинал Пјетро Паролин на вебинар за разоружување, организиран од Канцеларијата за развој на Ватикан и Универзитетот СОАС во Лондон.

Паролин ги наведе здравството, социјалната еднаквост и искоренувањето на сиромаштијата како можни области кон кои може да се пренасочат две милијарди долари годишно, колку што, според учесниците на собирот, даночните обврзници ширум светот трошат на воени активности.

Поврзани новости