Ватикан: Критична e состојбата на папата Франциск

by Fokus

Здравствената состојба на папата Франциск, кој беше хоспитализиран поради билатерална пневмонија, денеска се влоши по „продолжена респираторна криза која наликува на астма“, соопшти денеска Ватикан.

Во соопштението се додава дека папата е свесен, но неговата состојба и понатаму е критична.

Тестовите на крвта направени во текот на денот открија и тромбоцитопенија и анемија, поради што на папата Франциск му беше извршена трансфузија на крв, пренесува Анса.

Ватикан додава дека е рано да се зборува за прогнозата.

Прес-службата на Ватикан во вторникот објави дека на папата Франциск му била дијагностицирана билатерална, почетна пневмонија, што дополнително го отежнува неговото лекување.

Поглаварот на Римокатоличката црква повеќе од една недела се бореше со респираторна инфекција, а на 14 февруари беше примен во римската болница Гемели.

Лекарите потврдија дека папата е особено подложен на белодробни инфекции бидејќи како млад страдал од плеврит и хируршки му бил отстранет дел од белите дробови.

Поврзани новости