151
Васко Тодоров познат како Тошо Малерот од триото на легендарното хумористично телевизиско шоу „К-15“ денеска со кратко видео на фејсбук-страницата „Претседател за сите нас – Стево“ дава поддршка за кандидатурата на актуелниот претседател Стево Пендаровски за втор мандат.
„’К-15’ е најоригиналниот концепт и најгледаната емисија во телевизиската историја на Македонија, тоа е факт. А, Стево Пендаровски е единствениот човек којшто се сетил да ни даде официјално државно признание за ’К-15’, и тоа исто е факт“, вели Тодоров во видеото.
Вчера, СДСМ излезе со информација дека Стево Пндаровски ќе биде нивни кандидат за претседател.
Тој во текот на вчерашниот ден доби поддршка од неколку јавни фаци во државата, кои преку видеа се обратија на јавност.