Васко Стефанов е новиот генерален директор на АД ЕСМ

by Fokus

Денес во просториите на АД ЕСМ новоименуваниот генерален директор Васко Стефанов ја презеде функцијата од досегашниот генерален директор Васко Ковачевски.

Си посакаа многу успех и ефикасно справување со предизвиците што претстојат.

„Чест ми е што сум именуван за нов генерален директор на АД ЕСМ. Денес имав продуктивна средба со досегашниот генерален директор Васко Ковачевски. ЕСМ ќе продолжи посветено и транспарентно да се подготвува за следната грејна сезона ”- изјави Стефанов.

Васко Стефанов е новиот генерален директор на АД ЕСМ, откако досегашниот директор Васко Ковачевски ја депонираше својата оставка. Надзорниот одбор на АД ЕСМ ја констатираше оставката на Васко Ковачевски од должноста член и претседател на Управен одбор, со назив генерален директор, а за нов член и претседател на Управниот одбор и генерален директор на АД ЕСМ, по препорака на Владата, го избра Васко Стефанов.

Стефанов, на новата позиција доаѓа со претходно искуство од АД Водостопанство и АД Пошти на РСМ, каде што бил генерален директор, соопштија од компанијата.

Поврзани новости