754
Васко Наумовски е новиот преговарач во спорот за името, потврдија од кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов.
„Претседателот донесе одлука со која д-р Васко Наумовски, идниот амбасадор на Република Македонија во САД, го поставува на должноста специјален пратеник на претседателот во разговорите кои под покровителство на ОН се водат за разликата околу името“, стои во соопштението.
Досегашната функција специјален пратеник на претседателот во разговорите за името ја извршуваше Зоран Јолевски, кој беше назначен за министер за одбрана.
Наумовски е четврти по ред преговарач за разликата околу името во македонската историја.