Василевска: Заев искрено изјави дека нема промена на уставното име, додека не му јавија да го смени ставот

by fokus

Професорката и членка на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Иванка Василевска во вечерашното гостување на телевизија Канал 5 рече дека премиерот Заев кога ја дал изјавата дека нема да има промена на уставното име бил искрен.

-Преку 80 посто од граѓаните се против овој Договор. Граѓаните ја сакаат и ЕУ и НАТО, но само достоинствено. Ние не знаеме да истраеме. Многу работи може да научиме од грчката внатрешна политка. Ние не знаеме да се почитуваме меѓу себе. Доколку политичките елите најдоа консензус за кои прашања не се дискутира. Заев искрено кажуваше дека нема промена на уставното име, додека не му јавија да го промени ставот. Никој нормален човек не сака да си го смени името, вели Василевска.

Поврзани новости