Влада за национална пропаст, вака Иванка Василевска започна со денешниот говор од собраниската говорница на која се дискутира за именување на новите министри во владата на СДСМ, ДУИ и Алијанса на Албанците.
Василевска истакна дека оваа владино прекројување е само инженеринг и обид за да се отвори и промени македонскиот устав.
Ова владино прекројување и ова ново некакво владино мнозинство не е ништо друго, туку инженеринг кое што треба да донесе до можноста или обид да се промени уставот или да се отвори уставот, рече таа.
Според Василевска ова е реконструкција од шупливо во празно, посочувајќи дека и покрај тоа што во ресорите земјоделство и култура има неуспех, денеска се разговара за именување на министри во здравство, правда, информатичко општество и животна средина, додавајќи дека не верува дека нешто ќе се смени во следните 10 месеци колку што им преостанува.
Навидум ова е некаков обид за владина реконструкција, но во суштина менување од шупливо во празно. Тактика која што треба да купи време и да направи обид за да се направи уште еден многу несмасен удар врз унитарноста и она што е национално и државно достоинство, потенцираше Василевска.