348
Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Иванка Василевска од собраниската говорница на денешната седница упати низа критики кон владејачката СДСМ.
Како што истакна таа, во Македонија веќе се живее лошо, а многу млади размислуваат да си одат од Македонија, а некои и го прават тоа.
„Вие можете и Алберт Ајнштајн да го направите министер. Бонапарта вели: ако не сакате да ги разочарате луѓето, не им ветувајте ништо. Разочарувањата од вашите ветувања се ужасни и имаат поголема консеквенца за идните генерации во Македонија. Луѓето се помалку успеваат да обезбедат топол оброк на трпезата. Сите кои имаат можност да се отселат од Македонија, ќе го сторат и го прават тоа“, вели Василевска.