Кандидатот за премиер од „Продолжуваме со промената“ – Асен Василев попладнево му го врати неисполнетиот мандат за формирање влада на претседателот Румен Радев, пренесе „БГНЕС“
Василев изјавил дека ПП не собрала доволно собраниска поддршка: „Значи го враќаме мандатот неисполнет“.
Радев изјавил дека пред една година граѓаните верувале дека со Бугарија може да се управува на поинаков начин.
-Повлечениот кредит на доверба кон кабинетот не може и не треба да ги исцрпи јавните напори за изградба на влада која е транспарентна и одговорна пред граѓаните. Верувам дека мисијата да се промени нашата држава е историска и колку и да е тешка, Бугарите ќе ја остварат, нагласил Радев.
Тој додал дека следната недела ќе соопшти кога ќе го додели мандатот на втората по големина партија.
Откако ГЕРБ на Бојко Борисов ја одби понудата, Радев уште еднаш може да го додели мандатот, но бугарските медиуми веруваат дека шансите за формирање влада без нови избори сега се многу мали.