Васил Јованов осуден на три години и десет месеци затвор за претходното дело

by Fokus

Апелациониот суд Скопје ја одби како неоснована жалбата на обвинетиот Васил Јованов, за претходното кривично дело каде е фатен со 80 кесички амфетамин.

-Решението на Основниот кривичен суд Скопје К.бр.1439/24 од 31.07.2024 година, го преиначи во делот на одлуката за кривичната санкција – изречената заводска мерка Упатување во воспитно-поправен дом на начин што за кривичното дело Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик му се утврдува казна затвор во траење од 1-една година и за кривичното дело Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 в.в член 22 од Кривичниот законик му се утврдува казна затвор во траење од 3-три години и согласно член 44 став 2 точка 2 од Кривичниот законик, СЕ ОСУДУВА на единствена казна затвор во траење од 3– три години и 10-десет месеци, велат од Апелација.

Дали имало пропусти во претходните постапки кои се воделе против Јованов ќе проверува и Судскиот совет. Камбовски најави формирање на комисија која ќе постапува по забелешките изнесени во јавноста.

Поврзани новости