Учениците и невработените лица кои од било која причина не го завршиле средното образование имаат можност бесплатно да завршат во средното училиште „Васил Антевски-Дрен“ и да добијам диплома за економски и правен техничар.
Ова средно економско училиште е дел од програмата и проектот поддржан од Европската унија и со помош на Агенцијата за вработување и Министерството за труд и социјална политика во насока на активација на ранливи групи на пазарот на трудот кадешт целна група се сите невработени лица кои од бил која причина не го финализирале своето формално образование.
-Целта на овој проект е да ги зголемат компетенциите на учениците и невработените лица во насока на унапредување на нивниот личен и професионален развој и активно вклучување на пазарот на трудот.
За нас како училиште ова е одлична можност сите ученици кои го имаат статусот на вонредни ученици да бидат дел од оваа програма. Програмата трае до март 2024 година каде што сите финансиски трошоци кои се потребни за финализирање на четвртата година по лице, а тоа се 14250,00 ден. и стекнување на диплома економски техничар и правен техничар да ја искористат и да бидат дел од оваа активна мерка „Втора шанса“, вели директорката на училиштето Тања Јовановска.