Повеќе од 200.000 луѓе ја откажаа претплатата на „Вашингтон Пост“, откако угледниот весник минатата недела објави дека нема да поддржи ниту еден кандидат на претседателските избори, објави американското радио „НПР“.
„Вашингтон пост“ се соочи со финансиски тешкотии и пред ова потсетувајќи дека минатата година весникот имал повеќе од 2,5 милиони претплатници, од кои повеќето се онлајн, што го прави трет најчитан во САД, зад Њујорк Тајмс и Волстрит журнал.
Изворите рекоа дека уредничкиот одбор на „Пост“ наводно имал намера да ја поддржи демократската кандидатка Камала Харис, пред да објави во петок дека ќе им дозволи на читателите сами да одлучат.
Тоа доведе до шпекулации дека „Пост“ можеби го сторил тоа затоа што неговиот сопственик, Џеф Безос, бил загрижен дека републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп може да се одмазди доколку биде избран за претседател, наведува американската агенција.
Безос вчера објави дека одлуката да не се поддржи ниту еден кандидат е начелна работа.
„Ниту еден неопределен гласач во Пенсилванија нема да каже: „Ќе одам со поддршка од тоа и она“. Она што всушност го прават одобрувањата на кандидатите е создавање на перцепција за пристрасност. Перцепции за несамостојност. Да се стави крај на нив е принципиелна одлука и тоа е вистинската работа“, рече Безос.
Соопштението дојде неколку часа откако тројца членови на уредничкиот одбор поднесоа оставки поради одлуката да не ја поддржат Камала Харис.