773
Косовскиот министер за евроинтеграции, Блерим Река, кој беше претседателски кандидат на последните избори во Македонија, вели дека Србија има понуда за излез на море во албански Драч преку Косово, пренесува „Спутник“.
Река во изјавата не изнел детални објаснувања за овој предлог, но рекол дека никој нема право да преговара со Србија за територијата.
Приштински „Бота сот“ претходно објави дека САД подготвиле нацрт-спогодба меѓу Белград и Приштина и дека нудат корекција на границите или т.н. заедница плус, со специфични барања на Србија.
Весникот наведува дека САД им го претставиле планот на Вучиќ и на Хашим Тачи при неодамнешната посета на Вашингтон.
Вучиќ ги негираше ваквите објави.