Официјален Вашингтон ги проверува извештаите кои тврдат дека Украина користела американски воени возила на територијата на Русија. Ова на денешниот брифинг со новинарите го изјави портпаролот на Белата куќа Џон Кирби.
Тој рече дека на Киев јасно му било посочено дека САД не поддржуваат употреба на американска воена опрема за такви цели, пренесе Ројтерс.
Руското Министерство за одбрана во понеделникот објави дека се уништени украинските националистички диверзантски формации кои извршија инвазија на територијата на Белгородската област, во пограничната зона со Украина, и дека во таа прилика се убиени над седумдесет терористи.
Во нападот на украинската диверзантска група повредени се осум цивили, но нема жртви, јави претходно агенцијата РИА Новости.