Вашингтон ја блокираше резолуцијата на ОН за итен прекин на огнот во Газа

by Fokus

Соединетите држави ставија вето на резолуцијата на Советот за безбедност со која се повикува на „итен хуманитарен прекин на огнот“ во Газа, и покрај притисокот од генералниот секретар на ОН, кој го осуди „колективното казнување“ на палестинскиот народ.

Нацрт-резолуцијата доби 13 гласа за, еден против и еден воздржан (Велика Британија).А

Американците, сојузниците на Израел, во петокот го повторија своето противење на прекинот на огнот.

„Не ги поддржуваме повиците за итен прекин на огнот“, рече американскиот претставник Роберт Вуд. „Тоа само би го засадило семето за идна војна бидејќи Хамас нема желба за траен мир“, додаде тој.

Тој, исто така, го осуди недостатокот на осуда на нападите на Хамас на 7 октомври, кои ги нарече „морален неуспех“.

Поврзани новости