Вашингтон е „многу загрижен“ за ситуацијата на полската граница

by fokus

Вашингтон е „многу загрижен“ за ситуацијата на границата меѓу Полска и Белорусија, изјави денеска американската потпретседателка Камала Харис.

– Што се однесува до Белорусија и она што се случува на границата со Полска, ние сме многу загрижени поради тоа и внимателно ја следиме ситуацијата. Режимот на Лукашенко спроведува многу загрижувачки активности. Тоа е нешто за што разговарав со францускиот претседател Емануел Макрон, а очите на светот и неговите лидери гледаат што се случува таму, истакна Харис на прес-конференција во Париз.

Таа порача дека Франција и САД ја потврдиле посветеноста на соработката во борбата против тероризмот, особено во регионот Сахел.

– Таму имаме заедничка грижа, која се однесува на актуелните предизвици со кои се соочуваат земјите околу Сахел. Меѓу многуте приоритети што ги споделуваме е загриженоста за тоа што треба да направиме за да се справиме со потенцијалното и сегашното насилство, додаде Харис.

Поврзани новости