Вашето семејство и целата јавност ќе знаат дека сте сексуален престапник, пишува на лажната порака која ја добиле граѓани

by Fokus

Со амблеми од македонската полиција и Интерпол и со потпис од директор на Бирото за јавна безбедност, Сашо Тасевски, е „дотерана“ лажната порака која ја добиле граѓани, а која ја обезбеди „Фокус“. Од Министерството за внатрешни работи порачуваат граѓаните да не наседнуваат на оваа измама, бидејќи може да дојде до злоупотреба на нивните лични податоци.

На пораката стои дека ја испраќа Европол и дека се работи за некакво барање за судско појаснување. Примателот се обвинува дека е сексуален престапник, дека против него се водат тужби за детска порнографија и за педофилија и дека ќе биде уапсен. Испраќачот бара одговор во рок од 72 часа и овде лежи мамката. Доколку се одговори на пораката, испраќачот ќе ги има податоците кои можат да бидат злоупотребени.

Од МВР велат дека вакви пораки биле испраќани и во земјите од регионот. Она што е карактеристично е дека пораката најверојатно ја пишувал софтвер, бидејќи не се испочитувани основни граматички правила. Затоа се претпоставува дека пораката, како и тие кои наводно се пратени од УЈП, се дел од хибридната војна во која беа вклучени заканите за бомби во училиштата.

„Според моите писмени упатства, јас, г-дин Сашо Тасески, генерален директор на полицијата и шеф на бригадата за заштита на децата. По анализа на работата на нашиот тим за заштита на малолетници на копмјутерската мрежа, пронајдени се некои траги од вашите податоци за идентификација, а вие сте предмет на неколку тековни тужби:
детска порнографија
порно сајт
сајберпорнографија
педофилија
егзибиционизам
За ваша информација, законот од март 2007 година ги зајакнува казните кога обидите за сексуална злоупотреба или силување можеби биле извршени преку Интернет. Како одговор на оваа е-пошта, ве молиме да ни дадете објаснување во рок од 72 часа за да можеме да ги утврдиме санкциите:
По овој период, од нас ќе се бара да го предадеме нашиот извештај На Јавниот Обвинител, со цел да воспоставиме налог за апсење за вас и да го предадеме на полицијата најблиску до вашиот дом за апсење.
Исто така, ќе бидете регистрирани како сексуален престапник и вашето досеи ќе биде објавено на неколку телевизиски канали за емитување. Вашето семејство и вашите најблиски ќе видат што правите пред вашиот компјутер.
Сега сте предупредени“

Поврзани новости