„Варварските терористи од Газа се одговорни за експлозијата во болницата“ порача Нетанјаху

by Fokus

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека „варварските терористи од Газа“ се одговорни за експлозијата во болницата во Газа, во која, според Палестинците, загинале најмалку 500 луѓе.

„Целиот свет знае: варварските терористи од Газа се тие што ја нападнаа болницата, а не ИДФ (Израелските одбранбени сили)“, рече Нетанјаху.

Тој наведе дека анализата на ИДФ покажува дека терористите истрелале низа ракети во Газа, а во моментот кога била погодена минувале покрај болницата Ал Ахли.

– Разузнавачките податоци што ги имаме покажуваат дека Исламски џихад е одговорен за неуспешното лансирање ракета што погоди болница во Газа, изјави израелскиот премиер.

Палестинскиот претседател Махмуд Абас прогласи тридневна жалост низ Палестина поради, како што рече, нападот на израелските сили врз болницата Ал Ахли во Појасот Газа.

Хамас рече дека нападот врз болницата е „воено злосторство“ и дека таму се сместени стотици болни и ранети, а луѓето насилно се раселени од своите домови.

Во соопштението на Хамас се вели дека стотици луѓе се уште се под урнатините.

Поврзани новости