Вартоломеј за МПЦ: Ова е историски момент

by Fokus

Вселенскиот патријарх Вартоломеј го нарече историски момент што по речиси шест децении е надминат јазот меѓу Српската православна црква (СПЦ) и Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА).

„Ова не исполнува со задоволство. Тоа е историски момент. Расколот што траеше околу шест децении, на иницијатива на Вселенската патријаршија, заврши, сега е отстранет и влегуваме во нов период“, изјавил патријархот Вартоломеј за грчката телевизија ЕРТ.

Тој изјавил дека и пред одлуката на Вселенската патријаршија да ја признае Македонската црква, имало дијалог меѓу црквите во Северна Македонија и Србија.

„Се обидовме да им помогнеме. Во еден момент го назначивме Неговото Блаженство Архиепископот Албански Анастасиј да има посредничка улога. Тој се обиде, замина, се враќаше, разговараше со двете страни, но не успеа поради реакции, најчесто од СПЦ и официјално преку писмо и во еден момент го врати мандатот. Но, напорите и молитвите на Вселенската патријаршија не се прекинати“, рекол вселенскиот патријарх.

 

Поврзани новости