Оливер Вархеји – еврокомесарот за проширување по состанокот на министрите за надворешни работи во рамки на Берлинскиот процес во Тирана, изјави дека ЕУ ќе продолжи да му помага на регионот на Западен Балкан и дека ЕК ќе донесе забрзан план за интеграција на Балканот на европскиот економски пазар.
„За нас проширувањето на Западен Балкан е клучен приоритет, затоа го донесовме планот за економски инвестиции, мобилизиравме една третина од БДП во целиот регион. Тоа покажува дека ЕУ има резултати за својата работа. Инвестиравме една милијарда евра за да им помогнеме на ранливата категорија граѓани за да се справиме со екстремните поскапувања“ – изјави тој.
Посочи дека јасно ставиле до знаење дека поддршката ќе продолжи и за енергијата.
„Регионот што ќе има корист од овие инвестиции мора да биде економски интегриран. Целосно сме убедени дека имаме уште поголем потенцијал. Регионот ќе може да додаде една третина од својот БДП. Зборувавме за претходните експанзиони бранови за тоа како најдобро да се подготвиме за интегрираното проширување на регионот. Овој план исто така ќе има за цел да ја забрза економската интеграција и ќе има можности Западен Балкан да се интегрира на пазарот на ЕУ без да стане членка“ рече Вархеји.
Порача и дека „Европа е тука да придонесе, но и регионот мора да ги покаже своите резултати“.