Комесарот за проширување на Европска Унија, Оливер Вархеји во пресрет на средбата на министрите за надворешни работи на земјите од Западен Балкан во Рим, најави дека ќе разговараат за забрзување на процесот на интеграција во новото безбедносно опкружување.
Тој на Твитер најави дека еден од главните приоритети на ЕУ е зајакнување на мирот, безбедноста и просперитетот.
На средбите во Рим, покрај шефовите на дипломатиите на земјите од Западен Балкан, ќе се обрати и Вархеји, како и шведскиот министер за надворешни работи – Тобијас Билстром.
#Rome– Attending WB Foreign Ministerial conference org. by DPM @Antonio_Tajani together w/ 🇸🇪 Presidency
▶️We’ll discuss how to speed up the integration process in the new security environment.
Enlargement is one of EU’s top priorities to strengthen peace, security & prosperity. pic.twitter.com/rPqjXMn70E— Oliver Varhelyi (@OliverVarhelyi) April 3, 2023