686
Европскиот комесар за проширување Оливер Вархеји објави дека е во самоизолација откако дознал дека член на неговиот тим е позитивен на коронавирус.
„Денес бев известен дека еден член на мојот тим е позитивен на коронавирус. Додека чекаме нови резултати, јас и мојот тим сме во самоизолација во согласност со препораките за јавното здравје. Се чувствувам добро, немам никакви симптоми, минатата недела се тестирав и добив негативен резултат“, сподели Вархеји на Твитер.