Еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји пристигна во Скопје, а во моментот е на средба со премиерот Димитар Ковачевски во Владата.
Во текот на денот Вархеји треба да се сретне со претставници на повеќе политички партии во Собранието, како и со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Потоа, ќе оствари средба со министерот за надворешни работи Бујар Османи, како и со вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ.
Вчера од Софија, Вархеји порача дека прашањето за почеток на преговори за членство на Северна Македонија во ЕУ очекува да се реши до јуни годинава. Тој изрази крајно разочарување што се уште се разговара за ова прашање.
Премиерот Димитар Ковачевски, пак, вчера повтори дека на земјава и треба брзо, а не избрзано решение и оти остануваме на инсистирањето пред европските партнери час поскоро да почне првата меѓувладина конференција. За Ковачевски, не може популистичко-националистички реторики да бидат пречка за зачленување во ЕУ.