Вархеји: Планот за економски раст може да ги удвои економиите на земјите од Западен Балкан

by Fokus

Планот на Европската унија за економски раст на Западен Балкан е амбициозен план кој може да овозможи удвојување на шесте балкански економии, рече еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји во Тирана, каде се собрани лидерите на Западен Балкан.

Тој нагласи дека планот ќе биде оперативен само доколку шесте земји од Западен Балкан ги применат потребните реформи и критериуми.

„Имаме целосна доверба во сите земји од Западен Балкан дека ќе можете да имате корист од овој план, кој има потенцијал да придонесе за удвојување на економиите на Западен Балкан во следните десет години“, рече тој на самитот на кој присуствуваат лидерите од Западен Балкан.

Планот е дел од процесот на проширување и значи дека покрај реформите што ги спроведуваат земјите од регионот, ЕУ треба да ги понуди „сите предности што ги носи членството пред земјите да станат членки на ЕУ“.

„Ние сме на почеток многу радикални, но и многу брзи промени на Западен Балкан“, нагласи тој.

ЕУ е за овој план за периодот 2024-2027 предвиде шест милијарди евра.

Поврзани новости