624
Посветени сме да ги продолжиме напорите за почеток на преговори со Македонија пред завршувањето на француското претседателство со Европската Унија во овие клучни времиња, објави еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји по средбата со премиерот Димитар Ковачевски претпладнево во Владата.
– Ја почнав посетата на Северна Македонија со средба со премиерот Димитар Ковачевски. Северна Македонија е дел од Европа! Немаме време за губење, треба да се забрза процесот!, напиша Вархеји на Твитер.