437
Нашите очи и уши се вперени кон Скопје и мора да водиме демократска дебата, изјави еврокомесарот за проширување и добрососедска политика, Оливер Вархеји.
-Видовте дека претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен даде директен придонес. Нека се развие дебатата и потоа да ги кажеме нашите позиции – рече Вархеjи.
Тој доцна попладне пристигна во албанскиот приморски град Валона, каде ја разгледа новоизградената обиколница финансирана од Европската Унија, по што одржа прес-конференција со премиерот на Албанија, Еди Рама.
Според Вархеји, Албанија таа направила се за да дојде до првата меѓувладина конференција.