443
Европскиот комесар за проширување, Оливер Вархеји, денеска во Брисел изјави дека Србија треба да ги засили напорите за усогласување со надворешната политика на ЕУ, вклучително и декларации и санкции, во согласност со преговарачката рамка.
На прес-конференцијата по презентацијата на годишниот пакет за проширување во Европскиот парламент, Вархеји исто така рече дека почитувањето на надворешната и безбедносната политика на ЕУ влијае на брзината на евроинтегративниот процес, но дека „тоа не е причината поради која пристапните преговори може да биде суспендирани “.
Србија се уште не се приклучила на санкциите што ЕУ ги воведе кон Русија и покрај повеќемесечните повици од Унијата да го стори тоа.