711
Шефот на португалската дипломатија Аугусто Сантош Силва и комесарот за соседство и проширување Оливер Вархеји, слетаа во Скопје.
Двајцата европски претставници денеска се во посредничка мисија во Бугарија и Северна Македонија за да разговараат со властите на двете земји на теми поврзани со процесот на проширување на ЕУ.
-Министерот за надворешни работи Силва и еврокомесарот Вархеји само што слетаа во Скопје, доаѓајќи во важен период за нашите евроинтеграции, носејќи со себе нов поттик на португалското претседателство. Сите треба да бидеме на висината на задачата за да ги зачуваме перспективите на заедничката иднина, напиша Бујар Османи на фајсбук.