Вархеји го поздрави договорот меѓу Белград и Приштина за документите

by Fokus

Европскиот комесар за проширување Оливер Вархеји денеска го поздрави договорот меѓу Белград и Приштина за личните документи и изрази надеж дека тој означува нова ера на вистински напредок во дијалогот.

Вархеји на Твитер објави дека дијалогот мора да се заснова на меѓусебни договори и нивно спроведување.

„Го поздравувам договорот за слободно движење меѓу Косово и Србија и искрено се надевам дека ова означува нова ера на вистински напредок во дијалогот, заснован на меѓусебни договори и имплементација“, објави еврокомесарот за проширување.

Поврзани новости