Еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји му честита на новоизбраниот премиер Христијан Мицкоски и на новата Влада по повод нивниот избор.
Congratulations to Prime Minister @MickoskiHM and members of the new Government!
Looking forward to work swiftly with you to advance North Macedonia’s 🇲🇰 #EU 🇪🇺path.#NorthMacedonia pic.twitter.com/VaWOtMYGdj
— Oliver Varhelyi (@OliverVarhelyi) June 23, 2024
„Честитки до новиот премиер Христијан Мицкоски и членовите на новата Влада. Со нетрпение очекувам да работиме брзо со Вас за да го унапредиме европскиот пат на Северна Македонија, напиша Вархеји на Х.
Новата Влада предводена од премиерот Мицкоски беше избрана синоќа со 77 гласа „за“ и 22 „против“. За неа гласаа пратениците од коалициите на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди и од Движењето ЗНАМ, а против гласаа СДСМ и Левица. Пратениците на Европскиот фронт, предводен од ДУИ, ја напуштија седницата пред гласањето.