Вархеји доаѓа во Македонија со 4.680 вакцини од „Фајзер“

by Фокус

Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји вечерва во Белград ја започна својата посета на земјите на Западен Балкан каде ја донесе првата донација на ЕУ од 1.170 вакцини на Фајзер/Бионтек, јави дописникот на МИА од Белград.

Како што беше најавено претходно во Виена, после Србија, Црна Гора ќе добие 2.340 дози вакцини на Фајзер, Босна и Херцеговина ќе добие 10.530, а Северна Македонија, Косово и Албанија по 4.680 дози.

До август, како што беше најавено, земјите од Западен Балкан ќе добијат вкупно 651.000 дози вакцини од колективната набавка на ЕУ.

Најголем број вакцини ќе добие БиХ -214.000, потоа Албанија -145.000, Северна Македонија – 119.000, Косово – 95.000, Црна Гора – 42.000 и Србија – 36.000.

Координацијата за дистрибуција на вакцините донирани на Балканот ја презеде Австрија, а еврокомесарот Вархеји утре ќе ја посети Македонија.

Поврзани новости