Еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји вчераа во Барселона изјави дека Босна и Херцеговина може да добие кандидатски статус за членство во Европската унија во следниот месец, објави Радио-телевизија БиХ.
„Во рамките на Европската комисија ги удвоивме нашите напори да ги ставиме на маса предлозите за проширување. Оваа година веќе им дадовме кандидатски статус на Украина, Молдавија и Грузија и верувам дека оваа година ќе имаме уште една позитивна одлука за БиХ“, рече Вархеји на прес-конференција во Барселона, за време на Форумот на 43 земји од Европската унија за Медитеранот.
Тој оцени дека со тоа му „даваат нов живот на проширувањето“, што е „процес на барања“ и дека земјите кандидати мора прво да ги „исполнат задачите“.