Ова е момент за отрезнување за Северна Македонија, но и за опозицијата. Палењето документи во пленарната сала, туркањето на луѓето кон насилство и поттикнувањето омраза не носат ништо, само штета, оценува еврокомесдарот за проширување Оливер Вархеи во интервју за Еурактив.
Вархеи вели и дека „волјата за проширување се враќа, ние сме подготвени да се движиме брзо“.
Бриселскиот портал наведува дека откако Скопје го реши долгогодишниот спор со соседната членка на ЕУ, Бугарија, Албанија се очекува веднаш да ги започне пристапните преговори. Во однос на Северна Македонија, посочува, таа прво ќе треба да го промени својот устав за да ги вклучи Бугарите, за што го нема потребниот консензус во парламентот.
Ова, се наведува во текстот, ја поттикна националистичката опозиција да организира протести во Скопје, за кои Вархеји вели дека ги преминуваат основните демократски црвени линии.
-За Северна Македонија ова треба да биде момент за отрезнување, но и за опозицијата. Палењето документи во пленарната сала, туркањето на луѓето на насилство и поттикнувањето омраза не носат ништо, само штета. Постојат многу јасни граници за европскиот начин на водење политика, многу јасни граници за цивилизираната политика, а моја проценка е дека многу од тие црвени линии беа поминати од опозицијата, додаде еврокомесарот.