Ракометарите на Вардар 1961 вечерва во Скопје го совладаа норвешки Елверум со 39-30 (17-16) во рамки на последното коло од групата А во Лигата на шампиони и во нокаут фазата на крајот од овој месец ќе играат против Веспрем од Унгарија.
Растоварени од резултатски императив, откако по службената победа над Мешков Брест и теоретски обезбедија место во осминафиналето, ракометарите на македонскиот првак одиграа релаксиран натпревар во кој постојано беа во водство во првиот дел и замина на пауза со гол предност.
Норвешкиот шампион подобро го отвори вториот дел и на средината од полувремето водеше со 25-23, но Вардар возврати со серија од 4-0 за да ја врати предноста и на крајот заслужено да слави победа.
Вардар ја заврши групната фаза како петтопласиран, со ефект од шест победи, едно реми и седум порази, и за противник во осминафиналето ќе го има Веспрем. Првиот натпревар ќе се игра на 30 или 31 март во Скопје, а реваншот е по една недела во Унгарија.