500
Комисијата за лиценцирање при Фудбалската федерација на Македонија врз основа на доставените барања и документација од клубовите во Прва лига, не му издаде лиценца на Вардар за учество во УЕФА натпреварувања во сезона 2019/2020.
– По одлуките на Комисија за лиценцирање, ФК Вардар АД – Скопје поднесе жалба до Комисија за жалби за лиценцирање. Комисијата за жалби за лиценцирање ја разгледа жалбата и ја донесе следната одлука:
Жалбата на ФК Вардар АД – Скопје се одбива како неоснована, одлуката на Комисија за лиценцирање се потврдува. Оваа одлука е конечна, објавено е на веб-страницата на ФФМ.
Покрај Вардар, од прволигашите лиценца не доби само уште Победа од Прилеп.
Фото – ФК Вардар