520
Македонскиот шамион Вардар нема по добро да го памети своето деби во групната фаза од Лига Европа. Вечерва на домашен терен беше поразен од руски Зенит со резултат 0-5.
Со три гола во првото полувреме, тимот на Роберто Манчини го реши натпреварот и даде до знак дека нема да му биде лесно на Вардар во Лига Европа, а со уште два гола во вториот дел на Ивановиќ и нововлезениот Ригони само го потврди триумфот.
Во наредното коло Вардар гостува кај Розенборг во Норвешка. Тој натпревар се игра на 28 септември.
ФОТО: gol.mk