Вардар и Еурофарм Пелистер со казни од по 2.500 евра за инцидентите на дербито

by Fokus

Надлежната комисија при Ракометната федерација на Македонија ги изрече казните за скопски Вардар 1961 и битолски Еурофарм Пелистер поради инцидентите на навивачи на неодамнешното дерби во салата „Јане Сандански“ во Скопје.

Вардарци следните два натпревара на домашен терен ќе ги играат без присуство на публика, а клубот ќе треба да плати парична казна во висина од 150.000 денари.

Иста парична казна ќе треба да плати и Еурофарм Пелистер за реакциите на „Чкембарите“.

Казните за клубовите се поради прекинот на дербито одиграно на 26 март оваа година.

Гостинските навивачи во 16 минута почнаа со факели да фрлаат кон домашната публика, а навивачите на Вардар се симнаа на теренот и тргнаа да се пресметуваат со битолчани.

Поврзани новости