588
Ракометарите на Вардар го совладаа Нексе во Нашице со 31:30 во првиот четвртфинален меч во регионалната СЕХА лига.
Најефикасен кај „црвенo-црните“ беше Тимур Дибиров со 12 гола, a Сташ Скубе даде шест гола.
Реваншот меѓу Вардар и Нексе е наредната недела во Скопје, додека победникот во четвртфиналната серија ќе се пласира на фајналфор-турнирот во Задар од 3 до 5 април.