395
Постои реална опасност до поставениот краен рок – октомври годинава, ЕУ да не постигне договор со Велика Британија за условите за нејзино истапување од блокот, изјави денеска ирскиот премиер Лео Варадкар.
Според него, доколку до Самитот на ЕУ во јуни годинава не биде остварен суштински напредок во преговорите за Брегзит, тогаш постои реална опасност да не биде постигнат договор до октомври.
– Се уште сме на почетокот на мај… но, има живи песоци, изјави Варадкар, додавајќи дека денеска се одржува „важна седница на британската Влада“, од која би можел да зависи идниот развој на настаните.