Ванковска: Само јас сум против Бугарите да влезат во Устав

by Fokus

Кандидатката за претседател од Левица, професорката Билјана Ванковска денеска во Тетово, одржа народен собир на која беше претставена изборната програма „Го враќаме достоинството на нацијата“.

Таа рече дека противкандидатите бегаат од директни соочувања што не доликува на една демократија.

„Ни ја зедоа државата. Нема веќе демос, има само етнос. И кога еден од противкандидатите зборува за гордост јас се прашувам кога тоа ние во скоро време сме биле горди. Јас зборувам за достоинство. Достоинството е да достоиш на својот принцип, а потоа можеш да бидеш горд. Бегаат од мегдан. Јас им фрлам ракавици. Од пазарчиња од улици од социјални мрежи. Тоа што го кажа Апасиев ‘Ќе ги растуриме на дебати’ ги уплаши. Така што сега бегаат од мене и од соочувања“ рече Ванковска.

Таа додаде дека понатаму сите кандидати меѓусебно ќе си се сложат. „На крај ќе излезе дека сите се за Бугарите во Устав. Само јас сум против“, рече Ванковска.

Поврзани новости