Кандидатката за претседател – Билјана Ванковска од Левица на социјалните мрежи реагира на денешната изјава на Христијан Мицкоски, кој обвини дека двајцата претенденти ќе имаат естрадна улога во првиот изборен круг како опозиција на опозицијата и тоа за да го ослабнат потенцијалот на кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ за шеф на државата, Гордана Силјановска-Давкова.
Мицкоски во изјавата отиде и чекор понатаму, па праша дали Ванковска и Јакимовски ќе останат „доследни измеќари на нивните работодавачи“ и во вториот круг од претседателските избори своите гласови ќе ги дадат на кандидатот на СДСМ, Стево Пендаровски или ќе им кажат нешто друго на своите гласачи.
Ванковска е опозиција на сите, од прв до последен, порача кандидатката на Левица, и посочи дека истотака е опозиција на гнил систем и естаблишмент, во овој, како што вели таа црно-бел свет.
„Мицко ме нарече измеќарка. Во право е, измеќарка им бев во 2019 година кога се отепав од работа. Си знаат добро што работев, а можам и да ги потсетам ако заборавиле. Е ајде сега играј витешки!“, напиша Ванковска.