Покрај Бујар Османи (ДУИ), Арбен Таравари (Коалиција „Вреди“) и Максим Димитриевски (ЗНАМ), заклучно со вчера, потребните 10.000 потписи за кандидати за претседатели ги обезбедиле Билјана Ванковска од Левица и Стевчо Јакимовски од ГРОМ, потврди Државната изборна комисија (ДИК).
Според пресекот на ДИК, заклучно со вчера во 20 часот, во трката за собирање на потписи остануваат уште шестмина, а допрва граѓански потписи најавија дека ќе собираат и Гордана Силјановска-Давкова и Стево Пендаровски.
Кандидатот Господин Попоски од Вевчани, засега успеал да обезбеди само 106 гласа.
Под илјада потписи досега имаат и независната кандидатка поддржана од ДЕСНА, Зорица Цветковска (вкупно 176), како и Ѓoрѓи Манасков на кого поддршка досега му дале 388 граѓани.