Билјана Ванковска, претседателски кандидат на Левица го оствари своето право на глас во ОУ „Јан Амос Коменски“ во скопски Карпош.
– Еве ме на 60 годишнината на моето основно училиште `Јан Амос Коменски`, каде првпат зачекорив во школските клупи. Денес зачекорив да го дадам гласот за себе, се разбира. Ова е малку необична ситуација затоа што ние на Универзитет кога сме подложени на избор излегуваме надвор од просторијата и коректно е да не гласаме за себе. Меѓутоа ова е друг тип на битка, ова е политичка битка, во која всушност со чинот на гласање ја изразувам сопствената убеденост во тоа што го говорам, во тоа што го понудив и се надевам дека голем број на граѓани ќе го направат тој чекор, да дојдат до гласачките места. Мислам дека е тоа првиот и најважен чекор, а каков избор ќе направат ќе видиме вечер. Па, ќе видиме како граѓаните ќе проценат. Овде учителките ме процениле одамна – рече Ванковска во изјава за медиумите.
Посака изборниот ден како што почна да заврши мирно, коректно, без нерегуларности.