Претседателската кандидатка на Левица, Билјана Ванковска-Цветковска, е на чекор да обезбеди 10 илјади граѓански потписи неопходни за влез во трката за шеф на државата. Ова го покажува последниот пресек на Државната изборна комисија (ДИК), според кој, заклучно со вчеравечер, Ванковска собрала 9. 085 потписи, што значи дека ѝ недостасуваат околу 900 за официјализирање на претседателската кандудатура.
До потребниот број на потписи е и кандидатот на Граѓанската организација за Македонија (ГРОМ), Стевчо Јакимовски, кој инаку е актуелен претседател на овој политички субјект и градоначалник на Општина Карпош.
Според извештајот на ДИК, заклучно со вчера до 20 часот за Јакимовски се потпишале 7. 994 граѓани.
Тој, пак, синоќа на Фејсбук објави дека собрал 8 048 потписи и дека му недостасуваат помалку од 2 000 до целта.