Универзитетската професорка Билјана Ванковска побара од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ да понесе одговорност за изборениот пораз.
-Не знам дали досега го направил тоа, но Мицкоски треба веднаш да си даде оставка не само заради овој пораз: кога се работеше за државата тој ја спасуваше партијата, се покажа мек и неубедлив, без никакви лидерски способности. Најмногу од се’ покажа плашливост (може кај Апасиев да оди на часови): не се ни кандидираше за да ја види поддршката што ја ужива кај народот, а синоќа немаше сили ни да му се обрати на членството. Бидејќи устата му беше полна „чест и честитост“, сега би било чесно и честито да си даде оставка, да се врати на факултетот и на бизнисот“, напиша Ванковска на фејсбук.
Според неа, добрата вест е Левица која на изборите добила двајца пратеници и тоа во ситуација која не само што била маргинализирана, туку и жестоко напаѓана, па дури и дискредитирана од одредени медиуми.
„Со НВО кампањи, со скромни финансиски средства – тие извлекоа максимум. Со Апасиев и Крмов, парламентарната бара малку ќе се разбранува, но од нив очекувам многу повеќе идната година на локалните избори. Тоа е можеби слаба утеха за Македонија како држава, ама добра вест за граѓаните (ако се освестат)“, вели Ванковска.
СДСМ пак ги обвинува за масовна корупција на гласачкото тело.
„Да бидеме реални: Македонија си игра демократија во колонијални услови, каде владејат марионетски власти, а конците ги влече некој друг (Берлин, Брисел и Вашингтон)“, вели Ванковска.