486
На покана на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), европскиот експерт Питер Ванхојте се врати во Македонија за да лобира кај новата влада за спроведување на медиумските реформи.
Ванхојте, заедно со претставници на ЗНМ, денеска се сретнал со министерот за Информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, како и со претставници на американската амбасада.
-Во текот на престојот во Скопје Ванхојте ќе има средба со претставниците на ЗНМ и на Новинарскиот форум, со дипломатскиот кор како и со владини претставници, соопшти ЗНМ.
Исто така, предвидена е средба со премиерот Зоран Заев, на која ќе се разговара за потребата од медиумски реформи во Македонија.