622
Посредникот за спроведувањето на Договорот од Пржино, Питер Ванхојте, синоќа на својот официјален Твитер профил напиша дека предава, нема избори на 24 април, а потребни се ефективни преговори.
Утрово Ванхојте напиша и дека секоја демократска промена започнува со луѓето кои сакаат да сменат нешто и преземаат мерки за тоа.
Ваквите пораки од посредикот во преговорите за спроведувањето на Договорот од Пржино доаѓаат непосредно пред извештајот на САД и ЕУ за условите за избори на 24 април. Тој во текот на денот треба да биде соопштен од амбасадорите на САД и ЕУ во Македонија.