Ванхојте: Денеска се постигна сериозен напредок во преговорите

by Фокус

Претставниците на најголемите четири политички партии денеска пет часа зад затворени врати преговараа за спроведување на договорот од Пржино. Повторно никоја од партиите не излезе со изјава за тоа што точно се разговарало и дали бил постигнат договор по некое од прашањата. Единствено белгискиот експерт Питер Ванхојте им даде изјава на новинарите.

-Сериозен прогрес е постигнат во делот на изборниот законик и во овој дел партиите се многу блиску до целосно постигнување на договор, рече Ванхојте.

Тој додаде дека најтешко од се било да се мотивираат партиите да постигнат политичка доверба, а денеска преговорите се одвивале фер, коректно и како што рече, без кавги.

Според досегашните информации, партиите се блиску до конечно решение само за активната регистрација на гласачите со цел прочистување на Избирачкиот список и за составот на ДИК, со тоа што се предлага да има 9 члена и тоа три члена да предлага власта, три опозицијата и тројца независни експерти.

 

Поврзани новости