Белгискиот поранешен посредник во преговорите, Питер Ванхауте, пред изборите ги повика граѓаните на Македонија да гласаат за политичари кои не се поврзани со корупција, бидејќи како што потенцира, тоа е првиот чекор кон градење на демократија.
-Додека бев во Македонија се сретнав со членови на вашата влада, политичари и претставници на партии кои слепо поддржуваат сериозни криминални дела и како политичари се вклучени во корупција, ги крадат вашите пари и ги ставаат на нивните лични банкарски сметки надвор од државата, имаат врски со организиран криминал и не сакаат да прифатат одговорност за нивните дела. Поради ова тие успешно го контролираат судството и бегаат од судење и затвор. Видов новинари и уредници кои беа отпуштени или приморани да дадат отказ само затоа што биле критички настроени спрема власта. Истата партија сега ветува многу проекти, вели дека ќе вработува, дека ќе живеете во рај. Ова е далеку од вистината. Тие не дозволуваат критика, не дозволуваат да живеете слободно. Наместо тоа ви даваат трошки за да ве држат среќни а тие бегаат со тортата – вели Ванхауте.
Ванхауте ги повика граѓаните да излезат да гласаат в недела и да не се плашат дека ќе ја изгубат работата доколку се смени власта, порачувајќи им да мислат на нивната иднина и на идната на нивните деца.